Франција планира да воведе задолжително носење маски на затворени места
Министерот за здравство на Франција најавува дека на идниот Совет за одбрана ќе се разгледа прашањето за задолжително носење маски на затворени места, јави дописникот на МИА.
-Гледаме дека има опуштање, изјави министерот за здравство Оливие Веран, пренесе „Франс Инфо“.
Ситуацијата може да ја натера владата „посилно да охрабрува во одредени ситуации да се почитува растојанието и доколку е потребно да се носи маска“.
-Целооо проблем се затворените места, каде се собираат луѓе (и) не можат да го почитуваат растојанието од најмалку еден метар. Денеска им препорачуваме на Французите кои не можат да го почитуваат растојанието и со тоа се изложуваат на ризик да го пренесат вирусот, да носат маска, изјави Оливие Веран.
Одлуката за задолжително носење маска, во случај на непочитување, може да доведе до санкции, но според министерот, тоа треба да биди предмет на одлука на Национален совет за одбрана. Ова прашање може да се разгледа на следниот Совет за одбрана, закажан за среда.
Во колумната објавена во „Ле Паризиен“ во саботата, десетина лекари повикуваат маската да се носи на сите затворени места, да се почитува физичкото растојание колку што е можно повеќе и да се мијат рацете што е можно почесто.