ФОТО: Фотографија најдена покрај смачканиот автомобил – Најтажната слика по смртта на децата во Србија
На местото на страшната сообраќајна несреќа во Србија во која згаснаа четири млади животи, пронајдена е фотографија од среќните денови на починатите девојчиња.
На фотографијата која настанала неодамна на прослава на полнолетството на едно од трите девојчиња кои загинаа во страшната несреќа вчера, се заедно со широки насмевки и полни со живот, без да знаат каква трагедија ги чека за неколку денови.
Едно од загинатите девојчиња, 18-годишната Сара, требало да слави полнолетство за неколку дена и сите се спремале за радосниот момент.
Српскиот Курир пишува дека загинатите на лице место во несреќата се 18-годишната Сара Л. 18-годишната Ивана Б. 18-годишната Тања Л. и 19-годишниот Миодраг Ј. 20-годишната Маја која управувала со возилото е повредена и однесена во болница.
Сестрата на загинатиот Миодраг вели дека биле излезени.
– Стигнавме од Виена, тргнавме први со автомобил тие зад нас. Кога дојдовме дома договорени да играме монопол, ги немаше, мислевме застанале на некоја бензинска. Слушнавме што се случило ни јавија на телефон, се обидов да го извлечам братот од автомобилот но залудно, вели сестрата.
Тешката несреќа се случи во 5 часот наутро кога се враќале од журка, при што излетале, се превртеле неколку пати, се забиле во бандера. Телата биле излетани надвор, имало стакла и делови од смачканиот автомобил.