ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Фотографијата на Мизрахи причина за кавга меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ бара разрешувања на владините и партиските советници кои преку Фејсбук коментираа дека новата техничка министерка Рашела Мизрахи наместо да се слика со партиско знаме треба да го стави еврејскиот симбол Давидова ѕвезда.

Коментарот го објави советничката во СДСМ Мерсиха Смаиловиќ која тврди дека опозицијата пласира лажни вести и дека нејзиниот став е против користење на партиски симболи од државни функционери.

Преку Фејсбук реагираше и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски кој заедно со својата партија тврди дека опозицијата користи говор на омраза и антисемитизам, а симпатизери на СДСМ ја нарекуваат ВМРО-ДПМНЕ фашистичка партија.

Please follow and like us:
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.