(ФОТО+ВИДЕО) 30 дена притвор за Камчев: „Ова е садизам“, изјави неговиот адвокат Менкиновски
Тони Менкиновски кој како адвокат го придружуваше Камчев за време на распитот пред судија на претходна постапка, оцени дека изрекувањето притвор за Камчев за истрага за изборна измама е без докази, туку само на индиции дека тој ќе замине од државата, бидејќи како што рече двата пасоши на Камчев се во суд, а има и приложено гаранција во имот
Орце Камчев доби 30 дена притвор како осомничен во истрага за изборна измама. Притоворот е изречен на барање на ОЈО за организиран криминал, по индиции од АНБ дека тој планирал бегство.
Тони Менкиновски кој како адвокат го придружуваше Камчев за време на распитот пред судија на претходна постапка, оцени дека изрекувањето притвор за Камчев е без докази, туку само на индиции дека тој ќе замине од државата, бидејќи како што рече двата пасоши на Камчев се во суд, а има и приложено гаранција во имот.
„Ова е садизам. Да се изрече ваква мерка на ваков ден Прочка е израз на садизам на институциите на системот. Судија од Радовиш денеска пред судот побара поради некаква си индиција, службена белешка од АНБ дека ќе бега, да му се изрече мерка притвор. Двата пасоши на Камчев се во судот, има дадено капитал како гаранција и дури и да сака не може да замине“,
Тој рече дека одлуката е срам за државата, дека се користи за дневни политички цели и се надева дека оваа мерка брзо ќе падне пред Европскиот суд за човекови права.
Тој во изјавата го оспори кредибилитетот на обвинителката Лиле Стефанова која го застапува обвинението за „Плацовите на Водно“ истакнувајќи дека против неа има кривична пријава за злоупотреба на службената полошба и овластување и поради тоа не може да ја води истрага.
Исто така, Менкиновски ја коментираше и службената белешка од АНБ според која имало индиции дека Камчев планира бегтво, истакнувајќи дека тоа можеби е поврзано со најавата дека Камчев треба да сведочи во случајот „Меѓународен сојуз“.
„Службената белешка доаѓа од институцијата каде што работи сопругот на Фросина Ременски, каде тој мислам дека е и на раководна функција, против која Камчев требаше да сведочи неделава. Ако ова е начин да се сопре тој да сведочи, ова е срам, бидејќи сега судењето ќе се одложи, па целата постапка ќе се одолговлекувва, не е толку едноставно“,
Менконовски уште кажа дека Камчев бил приведен утрово околу 8.30 часот во полициската станица во Карпош.