Фон дер Лајен: Планот за раст треба да ја удвои економијата на С Македонија во следната деценија
Планот за раст, кој претседателката на ЕК го елаборираше на прес-конференцијата со премиерот Димитар Ковачевски, почива на четири столба – отворање на заедничкиот европски пазар за компании земјите од регионот, заокружувањето на проектот за заеднички регионален пазар на земјите од Западен Балкан, инвестиции и реформи во јавната администрација, јавните финансии, подобрена бизнис-средина, како и во независноста на судството и борбата со корупцијата кои, како што потенцира Фон дер Лајен, се од клучно значење
Тука сум денеска да ви кажам вам (на Владата н.з.) и на граѓаните на Северна Македонија дека сте на добар пат да се приклучите на Европската Унија и со нетрпение очекувам да ве пречекаме таму.Ова го истакна претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен на почетокот на своето обраќање на заедничката прес-конференција со премиерот Димитар Ковачевски по нивната средба во Владата.
„Знаеме дека Европската Унија има долга историја на пристапување, не била секогаш унија на 27 членки туку постојано се работело на проширувањето и таа има историја на почитување за сите и за секоја нација и почит за разноликоста којашто ја претставуваме. Затоа сигурна сум и уверена дека еден ден ќе ја пречекаме Северна Македонија со нејзиниот уникатен идентитет и со нејзиниот сопствен јазик. Денес веќе имаме 24 различни јазици во Европската Унија, а еден ден ќе го вброиме македонскиот јазик меѓу нив“,
рече Фон дер Лајен оценувајќи ги денешните разговори како одлични.
Таа истакна и се осврна на две пораки во нејзиното обраќање.
Во првата се осврна не процесот за носењето на уставните измени, како услов за одржување на втората меѓувладина конференција меѓу земјава и Европската Унија изразувајќи оптимизам дека отворањето на преговорите по кластерите ќе се случи годинава.
„Северна Македонија веќе постигна многу, изоде многу и мојата желба е дека апсолутно треба да продолжите во таа насока. Скрининг процесот навистина се одвива беспрекорно, благодарам за одличната работа којашто ја завршивте, преговарачките тимови вршат фантастична работа и ние се стремиме да ги отвориме преговорите на Кластерот ’Основи’, оваа година и знам дека можеме да го направиме тоа“,
рече претседателката на Европската комисија.
(ВО ЖИВО) Пречек на Фон дер Лајен пред Владата со највисоки државни и воени почести
Во овој контекст таа посочи оти е свесна за тековната работа во врска со уставните измени и дека добра вест во таа насока е што првите чекори веќе се направени во Собранието. Фон дер Лајен изрази надеж дека сите партии ќе ја искористат оваа можност за да ја придвижат земјата напред.
„Свесна сум за тековната работа во врска со измените на Уставот. Првите чекори веќе се направени во Собранието и тоа се добри вести. А сега се надевам дека сите партии, сите страни ќе ја искористат оваа можност да се придвижат напред, затоа што сега е вистинскиот момент, целата Европска Унија и сите оние земји коишто сакаат да се приклучат за процесот на проширување, затоа важно е да се искористи тој момент. Знам дека овие процеси можат да бидат навистина предизвикувачки и сигурна сум дека ќе ја одржите вашата репутација како успешно мултиетничко општество. Вие веќе го вклучувате она што е мото на Европската Унија, вие го отелотворувате тоа – ’Обединети во разноликоста’. И тоа е причината зошто Скопје го одби престижниот наслов на Европски град на културата 2028 година“,