ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Фон Дер Лајен зборувала за јазикот кој го користи народот во Македонија, кој таа го нарекува македонски јазик

Дана Спинант, портпаролката на ЕК, на денешниот пред брифинг во Брисел, на прашањето на дописничката на МИА од Брисел, дали вчерашната изјава на Фон Дер Лајен во Собранието значи дека ЕУ го признава македонскиот јазик даде одговор која многу повеќе збунува отколку што објаснува. Спинант изјави, дека Фон Дер Лајен зборувала за јазикот кој го користи народот во Македонија, а која таа (Дер Лајен) го нарекува македонски јазик.

Новинарката Тања Милевска потоа го повтори прашањето дали тоа значи дека ЕУ го признава македонскиот јазик а Спинант не сакаше да ја толкува изјавата на Фон дер Лајен и повтори дека тоа е јазикот кој го зборувал народот во Северна Македонија.

По изјавата на портпаролката на Европската Комисија, реагираше националниот координатор за Отворен Балкан и регионални иницијативи во Владата, Марјан Забрчанец, кој во објава на Фејсбук, побара Европската комисија веднаш да се корегира и да преземе мерки против неодговорното однесување на својата портпаролка која зборувала спротивно на фактите и спротивно на својата претпоставена

„Европската комисија мора веднаш да се коригира после ваквите изнесени невистини и да преземе мерки против ваквото неодговорно однесување на портпаролка која неподготвена излегла да зборува спротивно од фактите и спротивно од нејзината претпоставена“, вели Забрчанец.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.