ФОКУС: Мицковски бара амнестија за 100 партиски функционери
ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
На њуз-порталите и на социјалните мрежи се истурија коментари и реакции против оние кои во политичката битка на „валкан начин“ ги вмешуваат и децата на претседателските кандидати. За жал, со свои „сознанија“ за тоа кој го злоупотребува синот на кандидатката Силјановска-Давкова, во дебатата се вклучи и Билјана Ванковска, која, којзнае од какви соображенија, се обиде во приказната да го инволвира и „Фокус“
„ЧИСТОКРВНИ“ ГЛАСОВИ
Некои се дури горди што, демек, Гордана Силјановска Давкова има чистокрвни гласови, само од Македонци. А безмалку како голем грев на Стево Пендаровски му се става на товар што ќе го гласаат и извесен процент Албанци. Бог да чува! А за претседател на која држава ќе се тркаат? На „чиста“ Македонија или ќе се борат за таква!?
АМБАСАДОРСКО ДОСИЕ
Странските амбасадори во земјава внимателно го следат спроведувањето на реформите, а некои се особено фокусирани на случаите со елементи на непотизам, судир на интереси, злоупотреба на моќта. Неофицијално, засега поверојатна е опцијата земјава наместо во јуни, конечен датум за преговори со Унијата да добие наесен
ЦРВЕНАТА ЛИНИЈА ЗА СЈО
ВМРО-ДПМНЕ нема ништо против СЈО да постои, но под услов да ги запре истрагите против нивните довчерашни функционери и да расчистува исклучиво со криминалите од минатото на СДСМ, но и на сегашната влада. Мицкоски бара СЈО без пари да се бори против високата корупција и криминалот. На црвените линии на Мицкоски може да им подзавиди и Грција!
ПОРАЗИТЕЛНА СТАТИСТИКА
Во Македонија има 1.533 матични лекари, од кои 140 матични гинеколози и 124 интернисти. Алармантна е ситуацијата и со матичните гинеколози. Но, не недостигаат само матични гинеколози и педијатри, туку и специјалностите како анестезиолози, рентгенолози, интернисти… Во 2020 г. во Македонија ќе останат само 13 педијатри!
ЗЛОСТОРСТВО БЕЗ КАЗНА
Страшно е што невини граѓани обвинети во случајот „Сопот“ робуваа над 30 години затвор за ништо и што државата својата грешка ја плати со 1,2 милиони евра за обесштетување на жртвите, но најстрашно е што тие инспектори, обвинители и судии што учествувале во овој монтиран процес ќе поминат неказнето и прашање на време е кога ќе земат некој друг на врат
ШОК ЗА СИСТЕМОТ
Замислете што ќе заклучат Мицкоски и Заев ако во Штип или во Центар, Блерим Река добие пет или десет илјади гласови. Или, што ќе заклучат сите албански лидери ако во Арачиново две до три илјади гласови добие Гордана Силјановска? Слично вакво искуство имаше ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори, само што тогаш старите вмровци бојкотираа, а не гласаа за СДСМ. Замислете да гласаа, колку јака порака ќе беше тоа за вмровските главатари!