ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Фирма која произведувала долна облека ќе врши надзор за 8.3 милиони евра – хонорари до 300.000 евра

Вртоглави еднократни паушали и месечни хорорари за надзорот на ИРД Инженеринг.

Четири лица ангажирани во преговорите ќе добијат по 300.000 евра (301 463) паушал.

Хонорарите за ангажираните 81 екперт во четирите делници се движат од 5 600 (5 607) до 27 000 (20 017) евра.

Ангажманот на овие лица државата ќе ја чини вкупно 18 милиони евра, без пресметан ДДВ.

Дел од овие лица се ангажирани на две делници. Па така, надзорните инженери за заштита на животната средина, за електрични инсталации, за сообраќај и сигнализација, како и за заштита при работа ќе работат и на делницата Тетово – Гостивар, и на Гостивар – Букојчани. Двајца инженери за животна средина и за заштита при работа се ангажирани и на патот Прилеп – Битола и на Требеништа – Струга – Ќафасан.

Најплатен ќе биде клучниот долгоречен екпертски персонал. Највисок хонорар е издвоен за првиот човек на ИРД Инженеринг, Италијанецот Паоло Орсини, кој како директор на проектот ќе добие вкупно 1,3 милиони евра (1 302 321).

Сите овие шест позиции ќе добиваат хонорари повисоки од 20 000 евра.

Од овие 81, само петмина се странци, и тоа главно од регионот, освен директоро на „ИРД“ кој е Италијанец.

Според пишувањата на „360 Степени“, тендерот вреден 22,3 милиони евра ќе до поделат пет компании, а само едната е италијанска, компанијата ИРД. Останатите се „Електра Солушнс“, „Евроконсалтинг“, скопската филијала на „ИРД“ и „Ептиса“. Од овие пари, само 4,1 милиони евра ќе завршат во италијанската „ИРД“.

Опозицијата повторно реагира, овој пат со главен фокус на недостатокот на странски експерти, како што најавуваше владата, но и на првичната дејност која ја имала „Електра солушнс“, компанија барање за лиценца за надзор побарала по отворањето на тендерот.

– Толку од меѓународните експерти на Груби и Ковачевски. Уште пофрапантно е што „Електра Солушн“ не само што нема искуство во вршење на надзор, туку дејност во која има искуство и во која работела порано е верувале или не, производство на долна облека. Да, добро слушате, фирма со искуство во производство на долна облека ќе го врши надзорот на изградбата на Коридорите 8 и 10Д, вели Бојан Стоајновски од ВМРО-ДПМНЕ.

Од Јавното претпријатие за државни патишта без конкретен одговор за високите паушали и месечни хонорири. Ги правдаат со тендерската понуда.

– Цените на услугите се дадени од страна на понудувачите во делот на финансика понуда која, пак, беше дел од тендерската понуда, велат од ЈПДП.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.