ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Финансиск кавга

Буџетот е во добра кондиција, а финансиите се стабилни, порача денеска министерката за финансии Нина Ангеловска, истовремено апелирајќи до политичките структури во земјава интересите на граѓаните да да ги стават пред политичкото поентирање и медиумското внимание.

По обвинувањата на дополнителната заменик-министерка за финансии, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Димитриеска Кочоска дека државата повторно се задолжува, Ангеловска денеска одговори дека тоа е предвидена, редовна аукција за исплата на стар долг и помагање на буџетскиот дефицит.

Веднаш по неа, прес-конференција одржа и Кочоска, која праша зошто се оди кон задолжувања ако Буџетот е во дорбра кондиција. Според неа, не може да се земаат кредити ако има ликвидност на Буџетот.

Дали таа зема кредити за да има одредена комоција, а после тоа чека да дојде денот да врати друг кредит и при тоа плаќа и камата на кредитот кој што го земала, а ја плаќа каматата и на кредитот којшто ќе го раздолжи во некој иден период.

Побара одговор и зошто повратот на ДДВ од 15 милиони евра го извршиле во јануари, наместо во декември, односно, како што рече, дали така ја изманипулира јавноста со процентот на наплата на данокот на додадена вредност.

Кочоска упати прашање и до фирмите, зошто морале да чекаат подолго време да си го добијат својот поврат на ДДВ, иако, нагласи таа, тие се борат со проблемот со ликвидност. Во врска изјавата на Ангелова, дека имаат професионална и коректна соработка со дополнителната заменик-министерка, Кочоска рече дека сите барања кои ги има упатено до неа не се одговорени.

Please follow and like us:
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.