ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Филипче: Спремни сме да воведеме и дополнителни рестрикции

Смени сме да воведеме и дополнителни рестрикции, рече министерот за здравство Венко Филипче во случај актуелните мерки да не дадат резултати.

Дали воведениот полициски час ќе го намали бројот на новозаразени, здравствените власти очекуваат да видат на почетокот на следната недела.

„Очекувањата се дека после воведување на една мерка резултатите ќе бидат видливи после 7-10 дена што значи дека на почетокот на следната недела очекуваме резултати од воведениот полициски час чија цел беше да се ограничи движењето и комуникацијата на младите кои интензивно комуницираа во паркови, јавни површини, па дури и домови, после затворањето на угостителските објекти. Беше констатирано дека тие се едни од главните преносители на вирусот, тоа го гледаме и од возрасните групи на новодијагностицирани пациенти. Ние сме спремни да воведеме и дополнителни рестриктивни мерки доколку сегашните не дадат посакувани резултати“,

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.