ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Филипче објаснува: Нема простор за паника од вакцината на „Астра Зенека“

По изјавата пред медиумите утрово дека вакцината на „Астра Зенека“, со која денеска започна вакцинацијата на населението над 77 години, министерот за здравство Венко Филипче се огласи и на социјалните мрежи со пораки дека таа е безбедна за лицата од оваа возрасна група и кај нив не се забележани несакани ефекти.

„Информациите од регулаторните тела од Германија и Канада од вчера се дека оваа вакцина привремено ќе ја користат само кај популација постара од 60 години. Исклучително ретки случаи на посериозни тромботични несакани ефекти од ‘Астра Зенека’ засега се појавиле само кај помладите од 60 години. Статистички, само 1 случај на 125 000 вакцинирани до 1 на 1 милион вакцинирани појавиле вакви ефекти што значи дека нема простор за никаква паника. Заради предострожност бидејќи сакаме да сме сигурни, засега нема да почнеме со вакцинација на помлади граѓани од 60 години со оваа вакцина до следните конкретни препораки од регулаторите и производителите“,

потенцира Филипче.

На состанок денеска со Комисијата за безбедност во Агенцијата за лекови Малмед, ќе се разговара за да евентуално да се обратат до Европската агенција за лекови (ЕМА) и директно до германското Министерство за здравство за да добијат повеќе информации.

Вакцинираните во Србија не треба да прават ништо превентивно

Министерот се обраќа и до граѓаните кои се вакцинираа со „Астра Зенека“ во Србија со порака дека засега не треба да прават ништо превентивно.

„Сериозни компликации се исклучително ретки како што веќе кажав и кај нив исто така нема простор за паника. Сите граѓани кои примија една доза вакцина ќе бидат и ревакцинирани, согласно препораките кои ги очекуваме во следниот период“,

вели Филипче.

Како што веќе објави и пред медиумите, во земјава досега е регистриран еден случај на 28-годишна девојка со тромботичен ефект, кој се поврзува со примање на една доза на вакцината „Астра Зенека“.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.