ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Филипче: Надвор од дома со маска или марама, засега нема полициски час

Секој како ќе излезе од дома ќе мора да носи маска или марама или да има прекривка на устата и на носот за да го избегнеме и оној ризик можеби несвесен кога ќе се случи некакво мини групирање. И во таа смисла е целокупниот пакет на мерки, да се избегне групирање и оваа забрана после 22 часот. И секогаш да се носат маски, изјави министерот за здравство Венко Филипче, кој рече дека исто така се планираат и поригорозни мерки.

Филипче најави дека ќе предложи што поскоро одржување на седница на Владата на која ќе биде разгледан овој предлог.

-Тие вклучуваат и скратување на работните часови, и рестрикција во движењето доаѓа во предвид ако се одлучи дека тоа е мерка која што треба да се имплементира. Или таргетирано за почетокот, ако се јави потреба во некој регион, општина, па дури и на територијата на цела држава. Засега сме далеку од сето тоа, но дефинитивно е во мерките кои може да се препорачаат, рече Филипче.

Засега, како што кажа, не се размислува за воведување на полициски час.

На прашањето кој ќе контролира колку луѓе дошле на гости, министерот за здравство рече дека тоа е навистина голем предизвик и дека граѓаните треба сами да се свесни зошто се препорачува оваа мерка.

-Неколку други земји воведоа такви рестрикции Франција и Словенија и свесни сме дека апсолутно еден сериозен дел од тоа како ќе се спроведува оваа мерка отпаѓа на самите граѓани, да се свесни зошто ова го препорачуваме. Всушност во целиот овој период на такви настани имаше трансмисија на вирусот. Технички и формално, по пријава може секогаш да интервенира и полицијата, инспекторатите но е многу битно граѓаните да се свесни што треба да избегнуваат во периодот кој што е пред нас. Големи семејни настани…Пред нас доаѓа период на слави и така натаму се огромен ризик. Или она што го забранивме во угостителските објекти, да не се пренесе дома, сакаме да го спречиме. Верувам дека граѓаните ќе бидат свесни, рече Филипче на прес-конференцијата.

Please follow and like us:
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.