ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Филипче: Забележани елементи на намалување на епидемијата

Комисијата за заштита од заразни болести констатирала намалување на индикациите за тестирања за Ковид-19, што за министерот за здравство, Венко Филипче, е сигнал за намалување на епидемијата.

Како што истакна Филипче, на денешната прес конференција, трендовите се очекувани за овој период.

Според последните информации од министерството за здравство, денеска се дијагностицирани 23 новозаболени пациенти, од вкупно 386 тестирања.

Министерот додаде дека кога ќе почнат да попуштаат мерките за превенција, тоа ќе се прави етапно за да не се создадат големи гужви.

Please follow and like us:
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.