Филипче: Епидемијата го достигна пикот пред една недела,бројот на активни случаи се стабилизира
Полициски час нема да промени ништо, нема ниту други нови превентивни мерки за спречување на заразата, оти досегашните давале резултати, ситуацијата со коронавирусот во Македонија е стабилна, есенскиот бран минатата недела го достигнал пикот.
Ова се ставовите на првиот човек на здравството Венко Филипче.
По забелешките од професори и познавачи оти не смее да се дозволи прекумерна употреба на лекови чија комбинација може да доведе и до смрт, Филипче со тврдење – лекарите работат според препораки и постапуваат согласно клиничката слика и состојба на секој пациент поединечно.
До редакцијата на Канал 5 постојано пристигнуваат поплаки, граѓани, кои се плашат да говорат пред камера, тврдат оти матичните не ги прегледуваат, туку делат рецепти за „Сумамед“ без преглед, без наод од лабораторија и рентген. Појаснуваат и дека дел од матичните лекари, рецептите им ги оставале пред вратите на ординациите. Има и пациенти што развиле пневмонија дури откако „го прележале“ вирусот, а земале терапија со силни антибиотици. На некои од нив неопходна им била повторна хоспитализација поради влошената здравствена состојба, иако веќе биле негативни на вирусот.
Според неофицијални информации, од први до 17-ти месецов, на товар на Фондот се издадени околу 60.000 пакувања антибиотици „Сумамед“ и „Панцеф“.