ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Филипче:Вакцината е најсилното оружје во борбата со вирусот и таа сигурно ќе ја промени сликата

Вакцината е најголема надеж дека во новата година ќе ја победиме пандемијата.

Поминавме исклучително тешка година, се соочивме со нешто што целосно ни ги измени животите и нé исправи пред предизвикот да научиме дека можеме да живееме поинаку, да сакаме поинаку, да се грижиме повеќе, да бидеме солидарни и сплотени повеќе oд кога било, во една единствена цел- победа на вирусот, рече министерот за здравство Веко Филипче и порача дека Ковид-19 останува најголем предизвик и во 2021-вата. Министерот за здравство во своето предновогодишно обраќање на Фејсбук им се заблагодари на медицинските работници и апелира до граѓаните празниците да ги поминат во кругот на најблиските, без групирање и со почитување на мерките.

Добрата вест за Македонија е дека првите дози од вакцината од компанијата „Фајзер“ ќе ги добиеме уште во февруари, соопшти вчера премиерот Зоран Заев. Иако вкупната количина вакцини не е позната во Македонија ќе пристигаат етапно. првите количини ќе пристигнат во февруари, преостанатите дози од вакцината на Фајзер се очекуваат во март и април. Веќе во јануари се очекуваат и фрижидерите за складирање на вакцините.

Во светски рамки, кинескиот државен производител на лекови Синофарм ја одобри својата прва вакцина против коронавирус за општа употреба, иако детални податоци за ефикасноста на вакцината не се објавени, Институтот за биолошки производи во Пекинг објави дека вакцината е ефикасна 79,34 проценти.

„Нашата вакцина против корона вирус може да се транспортира во нормални услови, од два до осум степени или на нормална температура во фрижидер. За сега мутацијата на вирусот не влијае на ефикасноста на нашата вакцина. Во 2021 година ќе можеме да произведемe една милијарда дози од вакцината само во фабриката во Пекинг.“

Станува збор за неактивна вакцина, што значи дека вирусот се одгледува во лабораторија и потоа се убива, по што се инјектира во организмот за да се создаде имунолошки одговор на организмот.

Кинеските власти потенцираа дека станува збор за условно одобрување, што значи дека истражувањето на вакцината е сè уште во тек, Кина има за цел да вакцинира најмалку 50 милиони луѓе пред почетокот на празниците по повод Лунарната Нова Година, кон средината на февруари, со цел да го спречи ширењето на вирусот.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.