ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Фајзер/БиоНТек уверени во ефикасноста на својата вакцина и против индиската мутација

Основачот и директорот на лабораторијата БиоНТек, Угур Сахин изјави денеска дека е уверен во ефикасноста на својата вакцина, која е развиена со американската компанија Фајзер, и против „индиската мутација” на коронавирусот.

– Иако тестирањето е во тек, индиската мутација веќе ја проучувавме и нашата вакцина делува против неа, истакна Сахин на онлајн прес-конференција.

Тој нагласи дека БиоНТек ја тестирал својата вакцина на повеќе од 30 мутации на вирусот и секојпат е добиен барем „доволен имунолошки одговор”.

Варијантата В.1.617, која прво се појави во Индија, е откриена во најмалку 17 земји.

Според податоците на Светската здравствена организација, меѓу земјите во кои е потврдено присуството на оваа мутација на вирусот, се и Велика Британија, САД, Белгија и Швајцарија.

Ве молиме следете не и стиснете лајк
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.