УЈП: Tрипати зголемен прометот од македонски производи во првиот ден од Викенд без ДДВ
За трипати зголемен прометот од македонски производи во првиот ден од Викенд без ДДВ.
Управата за јавни приходи известува дека согласно обработените податоци, во првиот ден од Викенд без ДДВ (10.10.2020) прометот од македонски производи е зголемен за трипати. Граѓаните кои вчера ја искористиле оваа мерка, ќе им се врати целосниот ДДВ за купените македонски производи / услуги како и компјутерска опрема во рок од 15 дена од издадената сметка односно до крајот на Октомври 2020 година.
Мерката трае заклучно со понеделник, а граѓаните сметките треба да ги скенираат во рок од 3 дена по нивното издавање.
Ве молиме следете не и стискајте лајк: