ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Утре ќе се знае колку граѓани не добиле државна помош од 6 илјади денари

Утре ќе се знае колку граѓани нема да добијат државна помош од 6000 денари.

Владата ги разгледала сите 78 илјади приговори од оние кои се пожалиле дека на своите сметки не ја добиле ветената сума. Сите ќе добијат одговор на е-маил адресата од која аплицирале, а се ажурираат и списоците на веб страницата “купувамдомашно.гов.мк”, велат од Влада. За до крајот на годината парите да ги добијат сите на кои им следуваат, упатија повик до банките за толеранција кон граѓаните.

-Во најголем дел од случаите проблемот е решен. Но, има случаи за кои не може да се има решение, на пример луѓе кои добиле ваква помош, а живеат во странство невозможно е да ги ажурираат своите податоци. Многу мал дел од најчесто вакви случи не се затворени, затоа апелираме до банките ако има некој надвор од овие случаи, да има поголема толеранција за тоа да биде завршено до Нова Година. – Душко Арсовски – портпарол на Влада

Владиниот портпарол Арсовски рече дека проблемите со кои се соочија граѓаните, се резултат на доцнењето на собраниската процедура за носење на четвртиот пакет економски мерки. Со оваа владина парична помош за купување домашни производи се опфатени неколку категории на граѓани: баратели на работа, пенционери со помали примања, млади од 16 до 29 години, самохрани родители, деца без родители, естрадни уметници, филмски работници. Според статистиката на Владата, се работи за околу 300 илјади граѓани, а вкупната сума која се издвои за оваа државна помош е 27 милиони евра.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.