Утре во Собранието ќе биде доставен предлогот за укинување на техничката влада
Предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за укинување на техничка влада утре ќе биде доставен во Собранието… За да се донесат измените потребен е консензус..
ВМРО-ДПМНЕ утре во Собранието ќе го достави предлогот за укинување на техничката влада, кое оди со барање за предвремени парламентарни избори. Предлог – измените предвидуваат бришење на околу девет точки од Законот за Влада, преку кои досегашната „Пржинска влада“ би заминала во историјата. Наспроти ова, ставот на власта е дека ќе се оди на редовни избори во 2024 и оти предвремени сега во услови на здравствена, економска и енергетска криза се неполезни.Од владејачката СДСМ велат дека не ги доведуваат во прашање измените, но за нив е нечесно зошто барањето е врзано со предвремени избори..
„Јас би ја посочила неискрената намера каде може да ја забележиме на ВМРО-ДПМНЕ е дека тоа е парптијата која во изминатиот период ги блокираше предлог измените на изборниот законик во однос на една изборна единица со 3000 амандмани, а денеовиве гледаме дека тоа еп артијата која со притисоци и закоани врши притосок и врз помалите партии кои се во коалиција со СДСМ. СДСМ уште еднаш повторува дека дека е против предвермени избори.“
Од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека СДСМ и премиерот Ковачевски избегнуваат избори поради страв од пораз. По укинувањето на техничката влада велат ќе може да се распишат избори во рок од 45 до 60 дена согласно Уставот. Од партијата истовремено велат дека ќе т го поддржат предлогот и за една изборна единица и ги повикуваат и малите партии , како што велат да се охрбрат и да излезат од владата на ДУИ и СДСМ
„Последиците кои ќе произлезат од тој предлог закон ќе биде враќање на моделот на предвремени парламентари избори пред 2016 година што доколку се толку сигурни во победата еве може да го прифатат и да го изгласаат , а за една изборна единица ние сме подготвени да разговараме за тоа прашање, бидејќи ние сме чесни во намерите не сме како СДСМ и владата да ги манипулираме помалите партии.“
Техничката влада, во која учествува и опозицијата, почна да се спроведува врз основа на договор меѓу партиите за решавање на политичката криза согласно договорот од Пржино… Техничката влада од 100 дена беше договорна за да има мандат да го организира и да го спроведе изборниот процес, а резултатот од изборите да биде прифатлив за сите политички партии.