ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Уставни измени или предвремени избори

Редовни избори во 24-та, а уставни измени како дел од процесот на евроинтеграции. За СДСМ и ДУИ ова се две одвоени теми зашто стратешки прашања не може да бидат предмет на уцена, како што бара БЕСА.

Ковачевски очекува до 2030-та, повеќе генерации пратеници и министри да работат на европскиот процес, со исклучок на оние што се против членството во ЕУ како и нивните заложници.

И на министерот Бујар Османи не му се верува дека една партија на албанците може да го уценува продолжувањето на преговорите. Барањето на Билал Касами предвремени избори во замена за поддршка на уставните измени го нарече несреќна изјава.

ВМРО-ДПМНЕ поддржува секакви идеи и иницијативи што може да доведат до предвремени избори.

Вчера БЕСА побара компромис: Владата да се согласи со избори на пролет ако сака да ги внесе Бугарите во Уставот. Во спротивно, ќе се соочи со протести и притисоци.

Но, и „со“ и „без“ БЕСА, во моментот во Собранието нема ниту дво-третинска поддршка за отварање на Уставот ниту конкретен предлог текст за уставни измени. Османи очекува договарањето да почне веќе наредната недела.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.