ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Уставните измени најрано за четири месеци

Најдоцна за 6, а најрано до 4 месеци би траела процедурата околу уставните измени откако ќе влезат во собрание но се зависи од тоа кога предлагачот ќе ги поднесе до законодавниот дом нацрт амандаманите по кои треба да почне комисиската па потоа и пленарната расправа појасни денеска собранискиот спикер Џафери на брифингот со новинарите.

Сепак вели откако предлагачот во случајот владата ќе го достави предлогот во собраниските служби пред да биде пуштен во собраниските тела односно комисијата за уставните прашања а потоа и пленарката треба да поминат 30 дена.

Според членот 204, Право да предлага донесување на уставен закон за спроведување на Уставот има претседателот на Републиката , Владата и најмалку 30 пратеници . Уставниот закон се донесува со дво третинско мнозинство гласови од вкупниот број на пратеници .

Сепак она кое што го појасни собранискиот спикер Џафери е дека потребата од измените на пленарка се гласаат со 61 пратеник пред да бидат пуштени во комисијата а откако ќе биде завршена целата расправа се пристапува кон гласање за кое е потребно дво третинско мнозинство. Сепак Џафери и денеска посочи дека се работи за прашање од државен интерес и независно од тоа дали ќе биде постигнат консензус меѓу партиите вели процедурата ќе почне истиот момент кога предлогот ќе стигне во Собрание.

По однос на оние барања за тргање на формулацијата 20 проценти кај албанскиот јазик Џафери вели не може да се отвори расправа ако предлагачот во предлог решението не го предложил тоа.

Во меѓувреме партиите остануваат на веќе познатите ставови откако и вчера пак во гостување на 24 анализа лидерот на Алијанса за Албанците Арбен Таравари посочи дека ќе се водат по приоритетните барања од ЕУ односно во случајот вметнување на бугарите во уставот а сличен став изнесе и Костадин Костадинов од СДСМ.

ВМРО-ДПМНЕ и кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски пак ги наметнаа прашањата околу реципроцитет додека од најголемата опозициска партија и натаму велат измени во овој владин состав нема да се случат.

И додека од влада чекаат на седница да го разгледаат предлогот на комисијата за уставни измени од министерството за правда денска информираа дека материјлите се дадени на превод и техничка обработка по што ќе бидат пуштени на владина седница во наредните денови.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.