ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Уметничка од Косово ги наслика Вучиќ и Курти како се бакнуваат, добила закани, но и пофалби

Ермира Мурати има 22 години, пораснала во Косово и отсекогаш сакала да се занимава со уметност.

Сликата на кој се прикажува како се бакнуваат српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти стана популарна низ целиот Балкан, објави BBC.

„Поминаа 23 години од војната во Косово и 15 години од прогласувањето независност, но и двете земји се уште се заглавени во политички процеси од кои губат граѓаните и од двете страни“, изјави Мурати за Би-Би-Си на српски јазик.

Затоа, како што вели, нејзината слика на која Вучиќ и Курти се бакнуваат – објавена на 17 февруари, денот на независноста на Косово, всушност е критика и за двајцата политички лидери.

„Добив еднакви навреди и закани и од Албанци и од Срби, пред се затоа што се работи за бакнување на двајца мажи, иако пораката е всушност политичка“, вели Мурати, која своето дело го објавува под псевдонимот Портокалова девојка.

„Но, добив повици и од Албанци и Срби на кои им се допаѓа ваквото претставување на Вучиќ и Курти“, додава таа.
Петнаесетгодишнината од независноста на Косово беше одбележана во атмосфера на голема тензија поради односите меѓу Белград и Приштина.
Покрај бакнежот, Мурати на сличен начин насликала двајца мажи и две жени во традиционална албанска облека, со цел „да укаже на проблемите на ЛГБТ заедницата во Косово“.
Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.