ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Украинската одбрана до сега уби 12 руски генерали на боиштата во Украина

Соединетите Американски Држави обезбедија разузнавачки информации за движењето на руските единици што им овозможи на Украинците да таргетираат и да убијат повеќе руски генерали кои загинаа за време на агресијата врз Украина, според високи американски претставници, објави Вашингтон Пост, а пренесува Цивил Медиа.

Украинските власти соопштија дека до сега убиле 12 руски генерали на фронтот, бројка што ги вчудовиди воените аналитичари.

Соединетите Држави се фокусираа на обезбедување на локациите и други детали за мобилните оперативни штабови на руската војска, кои често се преместуваат од едно на друго место.

Украинските власти ги комбинираа тие информации со сопствените разузнавачки информации од теренот. Тоа подразбира и пресретнување на комуникациите меѓу руските единици и нивните старешини кои користат застарени и неефикасни комуникациски технологии на теренот.

Please follow and like us:
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.