Угостителите и рестораните ќе се отворат наредната недела
Иако се очекуваше денеска, комисијата за заразни болести не донесе одлука за отворање кафеаните и рестораните. Од друга министерот за здравство Венко Филипче најави дека на почетокот на наредената недела дефинитивно ќе се отворат угостителските објекти. Додека се чека официјалниот старт на кафеаните и рестораните, угостителските работници упатија низа барања до дражавата. Бараат платени празници, викенди, пријавување на полно работно време, исплата на К-15 и бенифициран стаж.
„Вината што сме поголем дел непријавени и што сега неможеме да ги оствариме правата не е само наша туку е и ваша затоа што затаил системот за контрола, во овој случај инспекторатите. Затоа што сме најзагрозена гранка во секој поглед – сме изложени на физички напор, работиме во секакви услови. Да допре ова до Владата да се успее во најважната ставка а тоа е бенифициран стаж“, вели Влатко Николовски- Потпретседател на синдикат за угостителство и туризам.
Од синдикатот велат дека немаат точна бројка за тоа колку работници останале без работа од појавата на вирусот во земјава. Угостителите ќе треба да работат под посебен протокол кој ќе треба да им биде доставен од страна на комисијата. Она што неофицијално се знае е дека мора да има редовна дезинфекција, оддалеченост на масите од два метра, и користење само на надворешните тераси на кафулињата и рестораните.