ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Уапсениот Веља Беливук бил вработен во Партизан со плата од 5.000 евра!

Српската полиција и натаму истражува какви криминални дела извршила групата предводена од Веља Беливук, кој е водач на навивачката група „Гробари“.

Како што известуваат медиуми од нашиот северен сосед, обвинетиот за грозоморни злочини бил вработен во Партизан и земал плата од дури 5.000 евра. На некои од фудбалерите им бил менаџер, а ги „казнувал“ сите оние кои ќе имале храброст да не ја прифатат неговата понуда.

Истрагата досега покажала дека стадионот и клупските простории биле база на Беливук. Во тајниот бункер биле пронајдени наркотични средства и оружје, а водачот на навивачите секој ден имал на располагање луксузен службен автомобил.

Во тие простории бил пронајден и снајпер, поради што полицијата во Србија веднаш се посомневала дека Беливук наводно подготвува атентат над претседателот Александар Вучиќ.

Овој случај ја крена српската јавност на нозе, која беше згрозена од откриените информации. Според истите во бункерот на стадионот биле извршени измачувања и убиства на луѓе кои му биле непријатели на Беливук.

Please follow and like us:
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.