Уапсена поранешна претседателка на Врховниот суд на Црна Гора, позната е причината
Весна Меденица е уапсена доцна синоќа на аеродромот во Голубовци, потврдија за црногорски „Вијести“ повеќе извори од Полициската управа.
Таа е приведена поради постоење основано сомнение дека сторила две кривични дела: создавање на криминална организација и противзаконско влијание.
„Меденица е уапсена откако им ги предала патните исправи на граничните полицајци. Ноќта ја минала во бетонскиот погон на Центарот за безбедност (ЦБ) Подгорица, а денеска се очекува да биде изведена во надлежното Специјално обвинителство.
Ве молиме следете не и стискајте лајк: