ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Турција и Израел во жестока кавга за тоа кој направил геноцид

Турција поднесува документи за тужбата што Јужноафриканската Република (ЈАР) ја поведе против Израел пред највисокиот суд на ОН за геноцид врз палестинските цивили, изјави денеска претседателот Таип Ердоган.Говорејќи пред новинарите во Истанбул, Ердоган рече дека Турција ќе продолжи да испраќа документација, главно визуелна, за нападите на Израел врз Газа.

„Верувам дека на Израел ќе му се суди. Ние веруваме во правдата на Меѓународниот суд на правдата“, рече Ердоган. Израелскиот министер за надворешни работи Израел Кац го опиша Ердоган како претседател на „земја одговорна во минатото за геноцидот врз Ерменците“, додавајќи дека тој го напаѓа Израел со „неосновани тврдења“.

Досега, 30 земји официјално потврдија дека масовните убиства на Ерменците во 1915 година од страна на Турците Османлии биле геноцид, но Израел не е меѓу нив. Турција, основана во 1923 година по распадот на Отоманската империја, секогаш негирала дека постоела систематска кампања за истребување на Ерменците.

Јужноафриканската Република, која поднесе жалба до Меѓународниот суд на правдата (МСП) во декември, вчера побара од судиите да му наредат на Израел веднаш да ја прекине воздушната и копнената офанзива против палестинската енклава. Израел денеска ги отфрли обвинувањата како неосновани и рече дека ЈАР глуми „ѓаволски застапник“ за Хамас, палестинската исламистичка милитантна група против која Израел води војна во Газа.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.