Турција го закотви истражувачкиот брод „Оруч Реис“
Турското министерство за надворешни работи изјави дека враќањето на истражувачки брод, „Оруч Реис“ во пристаништето во Анталија е поради „одржување и снабдување“.
Со оваа зијава се демантираа написите дека враќањето на бродот е направено за да се смири ситуацијата во Средоземното море. Враќањето на „Оруч Реис“ во Анталија викендов беше толкувано како индикација дека Анкара е подготвена да се вклучи во разговори со Атина, што предизвика брза реакција на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, кој рече дека е подготвен да разговара за конфликтот со турската страна. Тој го опиша повлекувањето на бродот како позитивен прв чекор напред и како знак дека тие можат да седнат на преговарачката маса. Но, во меѓувреме турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу изјави дека неговата земја не се повлекла од мисијата во Источен Медитеран.