Турските власти соопштија детаљи за новинарот на Вашингтон Пост, кој исчезна во конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул.
Новинарот Џамал Кашоги на 2 октовмри влезе во конзулатот во Истанбул и потоа му се губи трагата. По вчерашната истрага на турската полиција во просториите на конзулатот било утврдено дека новинарот е убиен . Саудиска Арабија, по двонеделно негирање , призна дека Кашоги е убиен како резултат на ,,несреќно испитување” .
По девет часовната претрага на конзулатот неименувани турски извори за американските медиуми изјавиле дека новинарот е убиен во конзулатот и неговото тело е расечено на парчиња , а потоа скриено.
Денеска генералниот конзул на Саудиска Арабија ја напушти Турција .
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган , кој уште пред десет дена најави дека лично ќе се заложи во истрагта денеска изјави дека истражителите особено внимателно ги испитувале токсичниот и материјалот за префарбување во конзулатот.
Шефот на турската дипломатија Чавушоглу најави дека истрагата ќе се прошири и на резиденцијата на конзулот Мохамед Отаиби , како и на возилата . Тој Очекува американскиот државен секретар Помпео по посетата на Саудиска Арабија , да пристигне и во Турција.