Туристички агенции: Да нема карантин за влез во Македонија, во спротивно ќе банкротираме
Целосно отворање на границите без карантин и изолации и протоколи како во европските држави, бараат туристичките агенции од земјава. Во услови на нула денари профит, колку што се наоѓаат во последните три месеци, бараат и неповратна финансиска помош од 500 евра за фирми до пет вработени и од 1.000 евра за фирми со над пет вработени, минимална плата од 14.500 денари, платени придонеси, ослободување од ДДВ. Во спротивно според нив, ќе се соочат со катастрофа, зашто како што велат, жив човек нема да влезе и да побара аражман за летување.Целосно отворање на границите без карантин и изолации и протоколи како во европските држави, бараат туристичките агенции од земјава. Во услови на нула денари профит, колку што се наоѓаат во последните три месеци, бараат и неповратна финансиска помош од 500 евра за фирми до пет вработени и од 1.000 евра за фирми со над пет вработени, минимална плата од 14.500 денари, платени придонеси, ослободување од ДДВ. Во спротивно според нив, ќе се соочат со катастрофа, зашто како што велат, жив човек нема да влезе и да побара аражман за летување.
Отворањето на границите под овие услови за нас е катастрофално, велат од секторот. Бараат отворање на границите, без вакви рестриктивни мерки.
Гласот го кренаа и туристичките водичи. Бараат поддршка од државата за да ги надминат финансиските загуби. Велат дека не биле вклучени во ниту еден од пакетите што ги дава државата.
– Во моментот како резултат на пандемијата, туристичките водичи трпат големи финансиски загуби заради откажаните аранжмани и немаат никаква поддршка, а уредно ги плаќаат сите давачки кон државата. И покрај сите уредно доставени писмени барања до Владата и до Министерството за економија, досега немаме никаков одговор. Ова е професија од посебен интерес за државата и бараме од Владата и Министерството за економија да не ги игнорираат нашите барања бидејќи сме во незавидна, тешка положба. Бараме изнаоѓање на неодложни начини за финансиска поддршка на нашата професија, истакна на прес-конференција претседателот на Македонската асоцијација на туристички водичи и придружници Димитар Кавраков.
Туристичките агенции се близу 95% семејни бизниси и засега, и покрај Ковид-кризата, речиси нема отпуштања. Зад барањата стојат од 70 до 100 туристички агенции од цела Македонија.