ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Три хеликоптери на српската војска над административниот премин со Косово (ВИДЕО)

Блокадата на административните премини Јариње и Брњак меѓу Србија и Косово влезе во петтиот ден. Единиците на косовската полиција РОСУ сè уште се присутни на административните премини, а Србите кои протестираат и понатаму не се откажуваат.

Ситуацијата е мирна, а тамошните медиуми наведуваат дека сè поголем број Срби го искажуваат незадоволството поради одлуката на приштинските власти.

Србите се незадоволни од одлуката на владата на Косово за замена на српските таблички со привремени косовски, замена која чини пет евра.

Некои косовски медиуми јавија дека на Јариње има двајца руски и еден белоруски државјанин, тврдејќи дека тие работат заедно со српската Безбедносно-информативна агенција, во организација на протестите на преминот Јариње.

Меѓутоа, како што јавува Спутник, новинарот, кој за рускиот весник Известија известува од северот на Косово, и покрај визата и ограничената дозвола за престој од два часа која ја почитувал, утринава на приштинскиот печат им прочитал дека е „разоткриен“ од безбедносните служби на Косово.

„Лаги и измислици“, вели за Спутник Сергеј Белоус, кој како преведувач го следел новинарот Олег Деркач до преминот Јариње.

„Колега и јас го следевме Олег до административниот премин за да му помогнеме околу преводот. Никој не беше задржан ни приведен или испрашуван, па така руската група шпиони, како што нè нарекоа, замина на Косово. Премина само Олег, се задржа два часа и се врати“, кажа тој.

Нешто подоцна се огласи и амбасадата на Русија во Србија со соопштение дека преку канцеларијата во Приштина ја проверила веста која се појавила кај косовските Албанци и целиот настан го оцени како самоволие и кршење на принципите на слободата на медиумите за кои толку многу се грижат покровителите на косовската квазидржавност.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.