ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Третина од жителите на Франција и Италија мислат дека Британија веќе излегла од ЕУ

epa06566509 Pro EU protesters wave a joined EU and Union flag outside of the British Parliament in Westminster, central London, Britain, 26 February 2018. Media reports state on 26 February 2018 that forecasts for the British economy are gloomy with the uncertainty over Brexit. EPA-EFE/ANDY RAIN

Најмалку една третина од граѓаните на Франција и Италија сметаат дека Британија веќе ја напуштила Европската Унија, пренесува „Еуроњуз“ според резултатите од една анкета.

Анкетата покажала дека не секој обрнува многу внимание на брегзит.

Околу 28% од Французите и Италијанците сметаат дека Британија веќе ја напуштила ЕУ, додека, пак, во Германија бројката изнесува 12%, а во Британија 2%.

Анкетата е спроведена врз најмалку 1.000 возрасни лица во секоја од овие четири земји, а истата открива и колку се оптимисти жителите на Европа за животот по брегзит.

На прашањето кое би било потенцијалното влијание од брегзит врз Британија, ЕУ, како и врз земјата на испитаникот, испитаниците биле несигурни во врска со тоа каков ефект би имал брегзит.

Сепак, голем број сметаат дека брегзит ќе нанесе повеќе штета отколку добро.

Околу 59% од жителите на Германија сметаат дека брегзит ќе биде штетен за Британија, додека, пак, во Франција таа бројка изнесува 41%, во Италија 38%, а во Британија 34%.

Во врска со дебатата во Британија околу брегзит, анкетата покажала дека околу 34% од Британците имаат негативно мислење за ЕУ, 36% имаат позитивно мислење за Унијата, додека, пак, 30% се неутрални.

Мислењата на другите европски земји се исто така поделени.

Во Франција, само двајца од пет лица се изјасниле оти имаат позитивен став кон ЕУ, додека, пак, во Италија тоа се 54%, а во Германија 56%.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.