ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Трамп споменува граѓанска војна при евентуален импичмент

Американскиот претседател, Доналд Трамп, предупреди преку твитер дека неговото отповикување би можело да предизвика втора граѓанска војна во САД, цитирајќи ја изјавата на англискиот пастор, Роберт Џефрис, кој таа оценка ја изнесе во интервју за Фокс њуз.

Трамп додаде дека сака да се сретне не само со „свиркачот“, кој изнел информации од втора и трета рака, туку и со лицето кое незаконски дало претежно неточни информации.

„Дали таа личност го шпионирала претседателот на САД? Тоа ќе има големи последици“, напиша Трамп.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.