ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Трамп со Тереза Меј, на улиците протести (ФОТО+ВИДЕО)

Претседателот на САД, Доналд Трамп на состанок со британската премиерка Тереза Меј, а граѓаните на Лондон излегоа на улиците остро изразувајќи незадоволство од Трамп.

Трамп во разговор со Тереза Меј рече дека верува дека Велика Британија може постигне „исклучително важен трговски договор“ со САД откако ќе ја напушти ЕУ, додека ширум земјата се одржуваат демонстрации против неговата посета.

Тој разговараше со бизнис лидерите на состанокот каде што беше домаќин заедно со премиерката Тереза Меј, на вториот ден од официјалната посета на Лондон. Тие двајцата разговараа за спорни прашања, како што е работењето со кинеската компанија Хуавеј.

Во исто време ширум Велика Британија се одржуваат протести, а лидерот на лабуристите Џереми Корбин ќе се обрати на собирот во Лондон.

Како што пренесе Би-би-си, се очекува Меј да го претстави и ставот на Велика Британија за климатските промени и за Иран за време на состанокот со претседателот во Даунинг стрит.

„Мислам дека ќе имаме многу, многу важен трговски договор“, ѝ рече Трамп на британската премиерка, додека таа рече дека постојат „големи можности“ за Велика Британија и САД да соработуваат во иднина.

Се очекува илјадници луѓе да се соберат на протестите против посетата на Трамп, во Трафалгар сквер во Лондон, како и во Бирмингем, Стоук, Шефилд, Глазгов, Единбург, Честер, Лестер, Оксфорд и Ексетер. Лондонската полиција соопшти дека се распоредени 3.182 полицајци со цел посетата на претседателот да помине како што треба и „да се осигура безбедноста“

Гумена балон кукла од шест метри на лутото бебе Трамп леташе над демонстрантите во Лондон. Тимот организатори облечени во црвени костими и со капи на кои пишува „Бебиситери на Трамп“ го пуштија балонот.

„Испраќаме јасна порака на солидарност со оние кои се погодени од политиката на Трамп достојна за презир и јасно и гласно порачуваме дека американскиот претседател не заслужува црвен тепих“, изјави еден од организаторите на протестите Аџуб Фараџи.

Американец, во знак на протест против посетата на претседателот Доналд Трамп, го премина Атлантикот и на плоштадот Трафалгар постави златна статуа-робот висока речиси пет метри, направена по ликот на Трамп како седи во тоалет и ги изговара своите контроверзни твитови.

АП објави дека роботот го привлекол вниманието на минувачите кој ги повторувал речениците кои, како што велат, се заштитен знак на Трамп, како што се „Нема договор“ и „Лажна вест“.

Дон Лесем од Филаделфија потрошил 25.000 долари на статуата и го транспортирал во Британија, каде што илјадници демонстранти се собраа во знак на протест поради посетата на претседателот на САД. Лесем рече дека статуата е висока пет метри, „колку и егото на Трамп“.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.