ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Трамп се закани дека ќе прати војска за да ги задуши протестите (ВИДЕО)

epa08459346 Protesters march from the the Governor's Residence to the Minnesota State capitol, one week after George Floyd's death while under arrest, in St Paul, Minnesota, USA, 01 June 2020. A bystander's video posted online on 25 May, appeared to show George Floyd, 46, pleading with arresting officers that he couldn't breathe as an officer knelt on his neck. The unarmed Black man later died in police custody. According to news reports on 29 May, Derek Chauvin, the police officer in the center of the incident has been taken into costody and charged with murder in the George Floyd killing. EPA/CRAIG LASSIG Dostawca: PAP/EPA.

Американскиот претседател Доналд Трамп најави мобилизација на припадниците на вооружените сили со цел да се запрат немирите и безвластието. Претходно, полицијата, Тајната служба и војската ја расчистија околината на Белата куќа од демонстранти.

Јас сум вашиот претседател на мирот и редот и сојузник на сите мирољубиви демонстранти“, рече Трамп и додаде дека Америка е „под опсада од актерите со лоши намери“.

Тој рече дека ако градовите и државите не успеат да ги стават протестите под контрола и „да ги одбранат своите граѓани“, тој ќе им испрати војска и „брзо ќе им го реши проблемот“.

„Додека го зборувам ова, распоредувам илјадници и илјадници тешко вооружени војници и припадници на полицијата за да ги запрат безредијата, грабежите, вандализмот, нападите и уништувањето имоти“, рече Трамп, кој веднаш по обраќањето до нацијата отиде во блиската црква Сент Џон, која ноќта беше мета на демонстрантите.

Трамп, со неколку соработници, кратко престојуваше пред црквата, во рака држејќи примерок од Библијата.

Трамп ја донесе оваа одлука во согласност со закон од 1807 година, со кој се овозможува распоредување на американската армија на територијата на САД и против американските граѓани. Последниот пат кога властите прибегнаа кон овој чин беше во 1992 година во обид да ги запрат немирите за претепувањето на градежниот работник Родни Кинг, кој беше брутално нападнат од полицајци при апсење.

Солзавецот и полицајците во опрема за разбивање демонстрации беа доволно убедлив аргумент за демонстрантите да се оддалечат од Белата куќа, непосредно пред почетокот на говорот на Трамп.

За време на полициската акција немаше сериозни судири, бидејќи демонстрантите едноставно се повлекоа пред силата.

Непосредно пред почетокот на акцијата, на полициските сили и на Тајната служба напомош им пристигнаа осум камиони со по 20 припадници на воената полиција.

Во исто време, Пентагон објави дека меѓу 600 и 800 припадници на Националната гарда пристигнуваат во главниот град на САД.

Протестите поради смртта на Џорџ Флојд последнава недела ескалираа. Четири полицајци се ранети во Мисури, а двајца граѓани наводно се убиени во немирите во Чикаго.

Повеќе градови во понеделникот вечер воведоа полициски час, меѓу кои и Њујорк и Вашингтон.

Полицаецот што го уби Флојд е обвинет за убиство од трет степен и судењето ќе му почне идната недела. Тројца други полицајци-соучесници се отпуштени од работа.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.