ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Трамп му објави војна на Генерал Моторс

Откако автомбилскиот диносаурус најави затворање фабрики и отпуштање работници, Трамп најави укинувања на сите поволности кои ги ужива комpанијата, вклучително и субвенциите за електричните автомобили.

Генерал Моторс соопшти дека ќе затвори пет производни локации во Северна Америка, ќе го намали бројот на вработени за 14.000 и ќе престане да ги прави Шевролетите Импала и Круз, моделот Бјуик ЛаКрос и скоро сите други седани.

Очекувано, Трамп ова го доживеа како нож во грб бидејќи оживувањето на домашната автомобилска индустрија беше еден од темелите на неговиот „економски национализам“. Особено е болно што ГМ не затвора ама баш ништо во Мексико и Кина.

„САД го спасија ГМ и ова ни е фала. Сега има да ги скратиме сите субвенции за оваа компанија, сосе оние за електрични автомобили. ГМ последните години стави големи влогови во Кина (и Мексико), ама не сум сигурен дека таа карта ќе им се исплати“, гневно порача Трамп.

А ГМ и другите американски производители на автомобили со време го предупредуваа дека неговите нововоспоставени тарифи за увоз на странски челик и алуминиум нема да се одразат добро врз нивната работа.

ГМ планира двојно да ги зголеми бројките за електрификација и автономно возење а визијата на нивната ЦЕО, Мери Бара, е доста амбициозна и предвидува „нула судири, нула емисии на штетни гасови и нула застој“.

„Јас сум тука да ги штитам работниците!“, порача Трамп а подоцна Белата куќа објасни дека проблемот не е на лична основа туку извира од тоа што ГМ прави коли кои луѓето не сакаат да ги купат.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.