Трамп: Доколку Бајден и официјални биде потврден за претседател ќе ја напуштам Белата куќа
Американскиот претседател Доналд Трамп вели дека доколку неговиот противник Џо Бајден формално биде признаен за нареден претседател на САД, тој ќе ја напушти Белата куќа.
Електорите кои го формализираат победникот ќе се состанат на 14ти декември и се очекува Бајден да положи заклетва на 20ти јануари како 46тиот претседател на Соединетите американски држави.
Одговарајќи на новинарски прашања Трамп сепак инсистираше дека битката сеуште не е завршена, и дека не планира да признае пораз бидејќи според него постои изборна измама иако во текот на претходната недела дозволи да започне транзицијата на административната власт со што неофицијално го трасира патот на Бајден кон претседателството.