ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Трамп ги предупреди Русија, Сирија и Иран да не убиваат цивили во Идлиб

Американскиот претседател Доналд Трамп ги предупреди во четвртокот Русија, Сирија и Иран „да не убиваат цивили“ во сириската покраина Идлиб, истакнувајќи дека Турција се обидува да спречи тоа „крвопролевање“.

„Русија, Сирија и Иран убиваат или се на патот да убијат илјадници невини цивили во покраината Идлиб. Не го правете тоа! Турција вложува големи напори да го сопре ова крвопролевање“, порача Трамп на Twitter.

Сириските сили поддржани од руската авијација ги интензивираа бомбардирањата врз цели во Идлиб, последното важно упориште на џихадистичките организации Џебхат ан-Нусра и Исламската држава во Сирија. Сирискиот претседател Башар ал-Асад вети дека ќе ја врати контролата на владата во Дамаск врз оваа покраина.

Претставници на Русија, Турција и Иран во септември договорија деескалирање на судирите во Идлиб делејќи го на зони во кои се наоѓаат бунтовнциите кои ги поддржува Анкара и зоната во која се џихадистичките групации, а по линијата на раздвојувањето се изведуваат заеднички руско-турски патролирања. Откако турските сили влегоа на сириската територија во обид да ги отфрлат од заедничката граница милициите на сириските Курди, договорот падна во криза. Во последната кампања на сириските сили, според западните медиуми, во бегство се околу 500.000 цивили од Идлиб.

Портпаролот на турскиот претседател Ибрахим Калин во вторникот рече дека Русија ќе работи на тоа да се прекинат нападите во Идлиб, по разговорите на турската делегација во Москва.

Во четвртокот сириската армија објави дека ослободила неколку клучни села и места во текот на „големата противофанзива“ во северозападната покраина Идлиб. Државната новинска агенција SANA пренесува дека сириските трупи напредуваат во југоисточните рурални делови на покраината и оти по „интензивни борби“ ослободиле од терористите стратешки место и нанесувајќи им големи загуби во борци и воена опрема.

Please follow and like us:
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.