ТОНЕ НАДЕЖТА, РАСТЕ ОЧАЈОТ: Речиси 20.000 лица загинаа во земјотресите во Турција и Сирија
Речиси 20.000 лица загинаа во разорниот земјотрес што во понеделникот ги погоди јужните делови на Турција и Сирија. Потрагата по преживеани продолжува. Беа испратени спасувачи од 65 земји. Првиот конвој со хуманитарна помош влезе во Сирија.
Според последните податоци, загинале најмалку 19.823 лица.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган соопшти дека во земјотресот во Турција загинале најмалку 16.546 лица.
Расте бројот на жртвите и во Сирија. Во делот од земјата што е под контрола на владините сили загинале 1.347 лица, додека на северозападот на земјата, кој е под контрола на опозицијата, животот го загубиле 1.930 лица.
Ве молиме следете не и стискајте лајк: