Тензично на протестите на албанската опозиција, Мета повика на воздржаност

Припадниците и приврзаниците на албанската обединета опозиција на денешните протести го пробиле полицискиот кордон пред Владата, а притоа биле скршени врати и прозорци. Демонстрантите фрлале и молотов коктел и тврди предмети и го поставиле знамето на Демократската партија пред Владата.
Полицијата фрлила солзавец, по што оние кои се обидувале да влезат во зградата на Владата се повлекоа. Во судирите има и повредени демонсгранти.
Албанскиот претседател Илир Мета апелираше на водржаност за да се избегне конфронтација.
„Со посебно внимание ги следам случувањата и упатувам апел за воздржаност од сите страни за да се избегне конфронтација и наслство. Граѓаните треба да протестираат слободно и треба да се почитуваат институците“, порача Мета.