ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Твитер отпушти половина од своите вработени, компанијата губела четири милиони долари дневно

Твитер отпушти 50 отсто од своите вработени, објави компанијата, наведувајќи дека тоа нема да влијае на квалитетот на умереноста на содржината на таа социјална мрежа.

Директорот за безбедност и интегритет, Џоел Рот, рече дека 15 отсто од вработените во неговиот оддел, кој е одговорен за спречување на ширење на дезинформации, се отпуштени за да ги смират корисниците и огласувачите по преземањето на компанијата од страна на милијардерот Илон Маск, пренесува Ројтерс.

Во целата компанија отпуштени се 3.700 вработени или 50 отсто од вкупниот броj. За жал нема избор кога компанијата губи повеќе од четири милиони долари дневно. Сите кои беа отпуштени добија три месеци отпремнина, пишува во соопштението новиот сопственик на компанијата, Илон Маск.

Сите вработени во компанијата вчера добиле мејл за нивната иднина, при што било појаснето дека големо кратење работни места е неопходно за да се обезбедни успешно движење на компанијата напред. Американскиот претседател Џо Бајден, во меѓувреме, го обвини Илон Маск дека купил платформа за социјални медиуми која „шири лаги низ целиот свет“.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.