ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Тачи: Реално е на 27. јуни во Вашингтон да постигнеме договор

Договорот, според неговите зборови, ќе обезбеди „почитување на Уставот, територијалниот интегритет и суверенитетот“.

Хашим Тачи изјави денеска дека е реално можно на состанокот на претставниците на Белград и Приштина на 27. јуни во Вашингтон да се постигне договор за нормализација на односите.

„Значи, ако на 27. јуни не биде постигнат договор, Косово и Србија нема да бидат губитници. Ако се постигне договор, двете страни ќе победат и на тој начин ќе стекнат евроатлански вредности, а секако, посветеноста на САД, покажува и одлучност да се постигне договор меѓу двете непријателски земји и народи сега и повеќе од еден век. Јас верувам дека тоа сега може да го направи само САД, раководени од претседателот Трамп и со посветеноста која амбасадорот Гренел ја покажува“, рече Тачи во интервјуто за програмата на Гласот на Америка на албански јазик.

Тачи рече дека очекува Приштина од договорот да има корист во сите области.

„Очекувам дека ќе има добивка на економско поле, во полето на внатрешна консолидација, дорососедските односи во регионот, отворањето на перспективите што е можно поблиску до НАТО и истовремено перспективите за членство во ОН“, рече Тачи.

Тој наведе дека треба да се сфати дека целиот овој процес не е работа на одлука, туку обврска која мора да се оствари во наредните недели и месеци.

Договорот, според неговите зборови, ќе обезбеди „почитување на Уставот, територијалниот интегритет и суверенитетот“.

„Нема потреба за грижа, но ги повикувам сите да не создаваат паника, конфузија и да не додаваат лажни вести“.

Тачи рече дека нема да има корекција на границата, но се очекува после овој договор, како две суверени држави, да направат демаркација на границите, како што тоа беше случај со Северна Македонија и Црна Гора.

Според неговите зборови иницијативите на САД и ЕУ не се одвоени.

„Вчера имав состанок со господинот Лајчак, важно е дека Европската Унија останува да биде единствена во однос на Косово и Западен Балкан. Но, она што сакам истовремено да го нагласам е моето мислење дека овие два процеси меѓусебно се надополнуваат, но САД се еден чекор напред, поточно, побрзи, попрецизни и поодлучни во настојувањето да го постигнат овој договор“, рече Тачи.

Please follow and like us:
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.