ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Тачи: Додека има визи, нема преговори со Србија

Косовскиот претседател Хашим Тачи, по денешната средба со специјалните претставници на францускиот претседател Емануел Макрон
и германската канцеларка Ангела Меркел, изјави дека е разочаран од односот на Европската унија кон Косово. Тој порача дека, сé додека не се укинат визите за косовските граѓани, нема да седне да преговара со Србија, јави дописникот на МИА од Приштина.

Обраќајќи им се на новинарите по средбата во неговиот кабинет, Тачи изјави дека „гостите од Франција и Германија воопшто не би ја отвориле темата за визна либерализација за Косово доколку тој не го сторел тоа“.

Please follow and like us:
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.