ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Претседателот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, му посака добредојде на новиот амбасадор на ОБСЕ во нашата земја, Килиан Вал, се наведува во партиското соопштение.

На амбасадорот му посакав успех во исполнувањето на неговите приоритети во текот на мандатот што го започна, и во име на Алијанса за Албанците му се заблагодарив за досегашната одлична соработка со канцеларијата на ОБСЕ во Скопје, која одигра важна улога во земјата во клучни области како што се владеењето на правото, демократизацијата и човековите права“, нагласи Таравари.

Со амбасадорот Вал, како одличен познавач на регионот, на средбата се разговараше за политичките случувања во земјата и во Западен Балкан, согласувајќи се дека треба да се зголемат напорите за да се гарантира политичка стабилност и забрзани реформи во рамките на евроинтегративните процеси, како единствена алтернатива на земјата и регионот.

Претседателот Таравари изрази подготвеност за продлабочување на успешната соработка со мисијата на ОБСЕ, особено сега кога Македонија раководи со оваа организација, чија улога е повеќе од релевантна во промовирањето на безбедноста и демократијата во оваа деликатна фаза за европскиот континент.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.