СЈО: Мијалков, Јанакиески и Божиновски нема да избегаат

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, во интервју за Канал 5 ја објасни одлуката за домашен притвор на Сашо Мијалков, Миле Јанакиески и Кирил Божиновски.
„Убедени сме дека Мијалков, Јанакиески и Божиновски нема да се дадат во бегство затоа побаравме за нив домашен притвор“, истакна Јанева за Канал 5.
За Јанакиески и Божиновски вели и дека дале други информации поврзани со новите истраги на обвинителството.
За Јанева, министерот за внатрешни Оливер Спасовски треба да се грижи за својата работа бидејќи МВР е помошен орган на обвинителството.
Спасовски изјави дека не верува во Специјалното јавно обвинителство со иста мера со која тоа било на почетокот кога беше формирана оваа институција.
„Мојата доверба во Специјалното јавно обвинителство не е со истиот интензитет како во времето кога истото беше формирано и кога се залагав за неговото формирање. Довербата е намалена, а за тоа придонесуваат повеќе фактори и случувања, меѓу кои и случувањата со Груевски”, изјави министерот Спасовски.
Ве молиме следете не и стискајте лајк: