Судот му го укина притворот на Јанакиески за “Титаник“, но му забрани да комуницира со Груевски за „27 април“
На денешното рочиште за „Титаник” Јанакиески на судијата Осман Шабани му одговори дека од пред десетина дена му е укинат куќниот притвор за „Титаник”, но ваква мерка има определено за истражната постапка за 27 април.
Покрај куќниот притвор, Јанакиески за овој случај има уште една мерка а тоа е забрана за кoмуникација со останатите осомничени, односно не смее да комуницира со неговиот поранешен шеф Никола Груевски, како и со сопратијците Спиро Ристовски, Трајко Вељаноски и Никола Бошковски.
Денешното рочиште за случајот „Титаник” се одложи, поради отсуство на судијата Огнен Ставрев. Судењето е во фаза на изведување на материјални докази, а за неколку рочишта ќе треба да почнат и сведочењата на сведоците предложени од СЈО.