ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Судењето на Рашковски не може да почне – на обвинителката ѝ е истечен мандатот- Постапката за избор заглавена во процедура и приговори

Обвинителството за борба против организиран криминал е без петммина обвинители чии што мандат истече на почетокот на годината а постапката е заглавена во процедура за избор и приговори. Додека 10 тмина кандидати се борат за 5 места во ова обвинителство, во тек е второто оценување откако советот  за јавно обвинители добил два нови приговори. Оценувањето ќе се разгледува во понеделник по истекот на рокот за приговори, а заради истекот на мандатот денеска се одложи усште едно рочиште за предметот за обвинњтиот Рашковски кое го води обвинителката Трајчева која исто така е кандидат со истечен мандат.

Рашковски подготвен за судење, извиси обвинителството за организиран криминал. Обвинителката Ивана Трајчева која го застапува обвиението е со истечен мандат но и е кандидат за нов која единствено добила и позитивно мислење и позитивна оценка од обвинителеството за нов.

Останатите четворица нејзини колеги кои исто сакаат да продолжат со работа во организиран одново се оценети откако Советот за јавни обвинители по добиените приговори побара ново оценување. И по новото оценување има два приговори и затоа советот на јавни обвинител по истекот на рокот во понеделник ќе ги разгледа оценките и кандидатурите.

Додека обвинителскто одделение против организиран криминал е десеткувано од 10 на 5 обвинители се уште е неизвесно дали 5 ммината со истечен мандат ќе добијат нов бидејќи за истите 5 места конкурираат уште 5 обвинители од Берово, Гостивар и Скопје.

Доколку процедурата и оценувањето е во ред седницата за избор каде последен збор ќе има советот на обвинители ќе се одржи во среда. Изборот се искомпликува  откако советот на јавни обвинители укажа дека има нсогласувања во оценките спроед правилникот за оценување на што шефицата на организиран посочи дека се кочи изборот за кадар во ова ова обвинителство.

Освен постојните петммина кои што се кандидираа одново, во борба за место во ова обвинителство се и поранешната обвинителка од СЈО Елизабета Јосифовска, но и гостиварскиот обвинител кој се спогоди со причинителот за сообраќајната несреќа кај Стража, Зоран Милевски Кичеец на 6 месеци и го водеше случајот со прегазениот полицаец Ѓурчиноски за кој виновникот доби една година затвор, а овој обвинител не ја обжали пресудата.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.