„НАТО јасно стави до знаење дека Русија е посебно одговорна за спроведување на мировниот договор од Минск и дека мора да ги повлече сите свои трупи, сите нејзини офицери од истокот на Украина и дека мора да престане да ја дестабилизира земјата“, рече Столтенберг за време на посетата на Одеса.

Киев и Западот ја обвинуваат Русија за вооружување на проруските сепаратисти и распоредување трупи во источна Украина, каде што се убиени околу 13.000 луѓе од почетокот на конфликтот пред пет години.

Москва остро негира каква било вмешаност, и покрај наводите на бројни медиуми.

На повик на новиот украински претседател Володимир Зеленски, кој сака да го врати мирот, Киев и сепаратистите започнаа да ги повлекуваат своите трупи во вторникот.

Повлекувањето е предуслов за мировен самит со Москва, но во Украина предизвика стравувања дека Киев ќе капитулира пред Москва.