ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Стевчо Јакимовски ја поднесе кривичната пријава против непознато лице за ставањето на „црната листа“ на САД

Вели дека се нашол на „црната листа“ на САД поради луѓе кои, како што рече, се продолжени раце на странските разузнавачки служби чија цел била да му нанесат штета. Кои се тие, не сакаше да открие
Како што најави пред два дена на прес-конференција, градоначалникот на Општина Карпош, лидер на ГРОМ и кандидат на партијата за претседател на државата, Стевчо Јакимовски, денеска поднесе кривична пријава против непознат сторител откако се најде на „црната листа“ на САД поради вмешаност во корупција.Според него, на непопуларната листа се нашол поради луѓе за кои рече дека се продолжена рака на странски разузнавачки служби, но кои се тие не сакаше да открие.

Американскиот Стејт департмент во понеделникот преку соопштение информира дека ексшефицата на поранешното Специјално јавно обвинителство, Катица Јанева и градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски, се ставени на „црната листа“.

Катица Јанева и Стевчо Јакимовски ставени на „црната листа“ на САД

За Јакимовски се наведува дека како градоначалник бил вмешан во коруптивни дела, односно дека службената положба ја користел да влијае во урбаниот развој на Општината, во процесите за јавни набавки, со цел преку нив да прибави корист за себе и своите соработници.

Покрај него, САД на листата ги ставија и неговите двајца полнолетни сина – Гоце Јакимовски и Дамјан Јакимовски.

Денеска Јакимовски ја поднесе кривичната пријава во зградата каде што се наоѓаат републичкото Јавно обвинителство, Основното јавно обвинителство Скопје и скопското Вишо јавно обвинителство.

Тој во изјава за медиумите обвини дека со ставањето на „црната листа“ се врши директно мешање во изборната трка тврдејќи дека функцијата градоначалник ја извршувал најсовесно.

„Јас сум човек со достоинство, со чест. Достоинството на еден човек чини онолку колку што е подготвен да го плати. Јас сум спремен да платам и највисока цена, но нема да попуштам пред неправдата и пред сите оние што се организирале за да направат нечесна игра и грубо мешање во изборот на претседател во Република Македонија и ќе истраат максимално. Поднесов кривична пријава против Н.Н. сторител до Јавното обвинителство, Оддел за организиран криминал и корупција и во исто време побарав средба во Обвинителството. Имам да им соопштам одредени сознанија кои јас ги имам. Во исто време стојам на располагање за што било да разговараме“,

вели Јакимовски.
Јакимовски го нарече „мешање во изборниот процес“ неговото ставање на „црната листа“ на САД

На „црната листа“ на САД вели оти се нашол поради луѓе кои, како што рече, се продолжени раце на странските разузнавачки служби чија цел била да му нанесат штета.

„Луѓе коишто се поврзани со странски служби коишто во континуитет создаваат услови за да може да се повикаат на ваква работа дека не реагираат македонските правосудни органи. Ние овие 7-8 месеци бевме засипани со кривични пријави со глупости внатре. Што да им прави Обвинителството кога пишуваат глупости“,

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.