ССМ пресмета: Месечно потребни се над 1,000 евра за да се преживее
Над 1.000 евра му се потребни на 4 члено семејство за да го истурка месецот. Синдикатот пресмета дека во мај кошничката за задоволување на основните потреби е за 2 евра помала од априлската , но сепак, надминува 60,000 денари. Најголем дела од парите, над третина одат за храна и пијалоци. 10% за плаќање сметки. Граѓаните велат – секој троши колку што има, но со високите цени на храната , мора да штедат за да преживеат
Јас сум пензионер. Не стига, ниски се пензиите, ама мора да се живееме.А за 4 члено семејство 1,000 евра се малку, никој не може да живее со толку пари. Младите сакаат да седнат во ресторан, да шетаат. Со тие пари, ништо, вели друг
Синдикалните пресметки покажауваат дека на домаќинствата што живеат под кирија, ќе им бидат потребни уште 250 евра, односно 75. 500 денари месечно. Бројките покажуваат дека со две минимални плати не може да се помине месецот, туку дека ќе бидат потребни најмалку една просечна од 40,000 и една минилната плата. Со ваквите примања, домаќинставта за здравство одвојуваат само 1,000 денари во месецот, а за лична хигиена и одржување на домот речиси 1,800 денари